Бајден и Ердоган се сретнаа на маргините на самитот на Г-20

од Stefanija Kuzmanovska
165 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска се сретна со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на маргините на самитот на Г-20 на индонезискиот остров Бали, соопшти турското претседателство.

Снимката од средбата на двајцата лидери ја снимија камерите на турската ТРТ, а темите на разговор засега не се познати.

Според „Ројтерс“, темите за кои Ердоган и Бајден би можеле да разговараат вклучуваат продолжување на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море, постигнат со посредство на ОН и Турција, купувањето на американски авиони Ф-16 од Турција, итн.

Слични содржини