Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се бара од директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс да ги отстрани ознаките на тајност од информациите поврзани со потеклото на ковид-19, соопшти Белата куќа.
Бајден рече дека ја споделува целта на Конгресот да бидат објавени што е можно повеќе информации за потеклото на ковид-19.
Сепак, Бајден нагласи дека неговата администрација ќе ја има на ум националната безбедност кога одлучува што ќе биде јавно објавено, објави „Ројтерс“.