Чешкиот премиер Андреј Бабиш ја повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, објавија денес чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат за тоа како Европа треба да преговара со Путин. Претходно, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше со Зеленски и Путин, сите го осудија тоа“, потсети Бабиш, пренесува чешкиот портал ТН.
Бабиш, исто така, ги повика европските земји да го продолжат директниот дијалог со официјална Москва, оценувајќи дека ова е неопходен предуслов за прекин на огнот и воспоставување комуникација со рускиот претседател Владимир Путин.