Доколку стане дел од чешката влада, движењето АНО нема да ѝ даде на Украина пари од државниот буџет за оружје, изјави лидерот на АНО, Андреј Бабиш, на денешната прес-конференција.
Бабиш рече дека Чешка ѝ помага на Украина преку Европската Унија, додека чешките фабрики за оружје можат слободно да извезуваат оружје без проблеми, објави чешкиот весник (ЧТК).
Зборувајќи за чешката иницијатива за испраќање артилериски гранати во Украина, тој нагласи дека иницијативата е корисна, но дека треба да ја спроведат членките на НАТО, со транспарентност.