Бачовски: Обезбедивме 16.5 милиони евра од ИПАРД 2 програмата за развивање на руралните средини

од desk4

„Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември. 16.5 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците,  угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини“, рече Никица Бачовски, член на Комисијата за земјоделие и рурален развој на СДСМ.

Тој на денешната прес конференција истакна дека искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата на СДСМ и коалицијата и дека со имплементацијата на оваа мерка во македонските села и рурални општини ќе никнат нови производствени капацитети.

Со оваа финансиска инекција, имплементирана преку министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, а поддржана од Европската Унија, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам.

Со имплементацијата на оваа мерка,  во македонските села и рурални општини ќе никнат нови производствени капацитети, занаетчиски работилници,  приватни градинки и домови за стари лица, ветеринарни станици, сместувачки , угостителски објекти за гастро – туризам и информатички и спортско – рекреативни центри.

Искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата на СДСМ и коалицијата.  ИПАРД програмата во периодот на владеење на минатата власт бележеше рекорден процент на неискористеност од само 20% или само 12 милиони евра. Денес, само со еден јавен повик се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет.

Слични содржини