Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече под наем за цела сезона крилото на Реал Мадрид, Герет
Бејл, тврди Goal.com.

Тренерот Нико Ковач е убеден дека Велшанецот ќе заврши одлична работа и во исто време ќе
може да ја зголеми класата на тимот по крилата.
Тимот се раздели со Френк Рибери и Ариен Робен и бара класични крила за да ги замени двајцата
ветерани на „Алијанц арена“.
Баварскиот колос е подготвен да плати плата од 350.000 фунти неделно на крило само за да го
убеди да се приклучи тимот.
Самиот Бејл е непотребен во Реал и има опции да се врати во Англија, но не е исклучено да ја
избере Германија.