Баерн останува без Гнабри за реваншот со Арсенал

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Баерн (Минхен) ќе мора без Серж Гнабри на реваншот против Арсенал, пренесуваат „Билд“ и „Скај Спорт Германија“.

28-годишниот крилен напаѓач на Баварците заработи повреда на синоќешниот натпревар и беше принудно заменет во 70. минута од Рафаел Гереиро.

Гнабри најверојатно претрпе истегнување на тетивата и се очекува да биде надвор од терените најмалку 2-3 недели. Дополнителни тестови ќе се одржат во Минхен.

Гнабри оваа сезона се мачеше со повреди, поминувајќи долго време во амбуланта поради повреда на мускулот. За Баерн во досегашниот дел од сезоната има 17 настапи и 5 гола, а синоќа постигна гол во ремито на Арсенал 2-2.

Слични содржини