Баерн Минхен го победи Вердер во Бремен во второто полуфинале од Купот на Германија со 3:2 и обезбеди место во финалето.
Двоен стрелец за Баварците беше Роберт Левандовски, еден гол постигна Томас Милер.
Головите за домаќините ги постигнаа Јуиа Осако и Милот Рашица.
Противник на Баерн во мечот за трофејот ќе биде Лајпциг кој во полуфиналето беше поуспешен од Хамбургер.