Втора победа за Баерн Минхен и втор пораз за Шалке во новата сезона од Бундеслигата. Синоќа во Гелзенкирхен во второто коло, шампионот до бодовите дојде со голови постигнати во последните десетина минути од натпреварот. Баерн отпорот на Шалке го скрши со погодокот на Роберт Левандовски во 81.минута, а победата за Баварците ја завери Џошуа Кимих во судиското надополнување.
Двојки на денешните натпревари од 2.коло:
Дармштат – Ајнтрахт,
Фрајбург – Борусија Менхенгладбах,
Инглоштат – Херта,
Баер Леверкузен – Хамбургер,
Волфсбург – Келн,
Лајпциг – Борусија Дортмунд.
Утре играат:
Вердер – Аугсбург и
Мајнц – Хофенхајм (играат во недела).
Лидер е Баерн со шест бодови од два натпревара, Волфсбург, Келн, Херта, Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт, имаат по три бода пред одигрување на своите дуели од втората рунда