Бајден (80) ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден (80) најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат во Белата куќа. Следните претседателски избори во САД ќе се одржат во 2024 година.

Бајден својата намера да се кандидира за функцијата ја објави на социјалните мрежи.

„Секоја генерација има момент кога треба да застане во одбрана на демократијата. За основните слободи. Верувам дека ова е нашиот момент“, започна тој.

Тој додаде: „Затоа се кандидирам за претседател на следните избори. Придружи ни се. Да ја завршиме работата“, објави тој на неговиот Твитер.

Слични содржини