Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден го критикувал Доналд Трамп за минимизирање на последиците од коронавирусот два часа по неговото враќање во Белата куќа, откако помина три дена во болница поради тоа е позитивен со Ковид-19.
„Се надевам дека претседателот, со оглед на тоа низ што преживеа – и мило ми е што закрепнува многу добро – ќе му ја пренесе вистинската порака на американскиот народ: маските се важни“, изјавил Бајден за NBC News од Градското собрание на Мајами.
Бајден, кој одговорот на Трамп на пандемијата го направи централна тема на неговата кампања, се фокусирал на неподготвеноста на претседателот да носи заштитни маски. Тој, исто така, го критикувал однесувањето на Доналд Трамп овој пат, како што објави Ројтерс.
„Каква мачо работа е тоа – не сакам да носам маска“, прашал Бајден.
„Бидете патриоти, заради Бога“, апелирал тој. Појавувањето на Бајден на телевизија во ударниот термин го одбележа денот на кампањата во Флорида, каде победата на демократскиот кандидат се смета за исклучително значајна.
„Луѓе, доколку ја освоиме Флорида, победуваме“, рекол Бајден.