Американскиот претседател Џо Бајден на почетокот на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа рече дека САД остануваат посветени на поддршката на напорите на Киев да се одбрани од руска инвазија.
Зборувајќи директно со Зеленски, Бајден ја пофали храброста на Украинецот.
„Вашата храброст го инспирираше светот. Решени сме да покажеме дека стоиме со вас и да се погрижиме светот да стои со вас“, рече американскиот претседател.