Бајден ги објави најновите планови за Балканот

од Берта Китинска

За време на неговата посета на Стејт департментот, Бајден рече дека ќе ги обнови сојузите во светот со цел полесно да се соочи со предизвиците на пандемијата, климатските промени и другите безбедносни предизвици.

Тој рече дека прашањето за бегалците во светот е еден од глобалните проблеми, а со цел да се подобри моралното лидерство, тој најави потпишување на декрет за обновување на програмата за прием на бегалци.

Еден од приоритетите на новата администрација ќе биде војната во Јемен.

Бајден објави дека Тим Лендеркинг е назначен за специјален пратеник за Јемен.

Претседателот на Соединетите држави најави и враќање на „цврстите“ позиции, што значи суспендирање на повлекувањето на војниците од Германија, што поранешниот претседател Доналд Трамп претходно сакаше тоа да го изврши.

За Балканот

За време на посетата на Стејт департментот, Бајден не го спомна експлицитно регионот на Западен Балкан. Но, како што наведува аналитичарот Ивица Пуjиќ, тоа не значи дека овој дел од Европа нема да биде во фокусот на американската надворешна политика.

– Американците, како што вели Бајден, сакаат да воспостават пропорционален однос со Србија, односно Косово. Тие веруваат дека Ричард Гренел ја фаворизирал Србија на еден начин и сега тој сака да се врати на старите патеки. Но, едно е сигурно. Администрацијата на Бајден сигурно нема да поддржи каква било размена на територии – рече Ивица Пујиќ за Ал Џезира.

Тој посочува дека и во наредниот период Босна ќе биде во фокусот на американската надворешна политика.

– Бајден ќе сака да доведе до некои корекции на Дејтонскиот мировен договор – рече Пујиќ, додавајќи дека засега не знае што тоа конкретно значи.

Слични содржини