Видеото на кое американскиот претседател Џо Бајден вели дека има рак веднаш ги вознемири луѓето на Твитер.
Бајден беше во посета на поранешна термоелектрана во Масачусетс за да разговара за новите напори на неговата администрација за борба против климатските промени.
Зборувајќи за штетата предизвикана од рафинериите за нафта, Бајден се потсети на своето детство во Делавер, а потоа рече дека „тој и многу луѓе со кои пораснал сега имаат рак“.
– Мајка ми повеќе сакаше да не вози, отколку да пешачиме, и погодете што се случи? Првиот мраз и знаете што се случи? Моравме да ги ставиме бришачите за да ја извадиме црната дамка од прозорецот. Затоа јас и многумина со кои пораснав имаме рак, и затоа Делавер има највисока стапка на рак во земјата долго време“, рече Бајден.
NEW – Biden says, "I and so damn many other people I grew up with have cancer" because of oil pollution in his home state Delaware.pic.twitter.com/Zbaj4BWTkK
— Disclose.tv (@disclosetv) July 20, 2022
Неговата изјава го привлече вниманието на луѓето на Твитер.
– Рак? Или ова е најголемата бомба во историјата откако САД имаат претседател или е најголемиот гаф – напишал еден од корисниците, пренесува Fox news.
И додека ова видео се ширеше на Твитер, медиумите како „Вашингтон пост“ претпоставуваа дека се работи за гаф на претседателот и дека оваа реченица требало да ја каже во минато наместо сегашно време.
По овие наводи, веднаш била контактирана Белата куќа.
Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, објасни дека пред да ја преземе функцијата претседател, Бајден имал повеќе немеланомни карциноми на кожата кои биле третирани и отстранети.
Се појави и извештај од неговиот лекар, д-р Кевин О’Конор.
Докторот во извештајот напишал дека Бајден имал рак на кожата, но тој бил предизвикан од престојот на сонце без носење заштитен фактор, а не се споменува изложеност на хемикалии и загадување. Во младоста Бајден работел како спасител на базен поради што постојано бил изложен на сончевите зраци.
Минатата година неговиот лекар во извештајот изјави дека „во моментов нема делови од кожата на претседателот што изгледаат сомнително“.
И додека Бајден најавува борба против климатските промени, најновата анкета на Универзитетот Квинипиак покажа дека неговиот рејтинг во моментов е најнизок од почетокот на неговиот мандат, 31 отсто. Анкетата покажа и дека 71 отсто од Американците не сакаат Бајден да се кандидира на следните избори.