Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, им се придружи на политичарите кои примија вакцина против коронавирус пред камерите.
Со тоа, тој исто така сакаше да го увери американскиот народ дека вакцините на „Фајзер“ се безбедни, пренесуваат локалните медиуми.
.@ABC News SPECIAL REPORT: President-elect Joe Biden gets COVID-19 vaccine. WATCH LIVE: https://t.co/9jNiq64Ar3
— ABC News (@ABC) December 21, 2020
Бајден рече дека неговата сопруга била вакцинирана порано денес.
„Ние им должиме многу на овие луѓе – научниците и другите кои го овозможија ова, луѓе кои се на првата линија, сите оние кои биле вклучени во клиничка работа“, рече тој.
Тој исто така рече дека не треба да се патува ако тоа не е неопходно.
Меѓу високите американски официјални лица кои веќе ја примиле вакцината се и сегашниот потпретседател Мајк Пенс, претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и други.