Бајден јасно стави до знаење: Не ја поддржуваме независноста на Тајван

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во саботата дека САД не ја поддржуваат независноста на Тајван, откако тајванските гласачи и дадоа трет претседателски мандат на владејачката партија на островот, а американскиот државен секретар додаде дека САД остануваат посветени на мирот и безбедноста во регионот.

Претходно истиот ден, претседателскиот кандидат на Тајванската владејачка Демократска прогресивна партија (ДПП) и потпретседател на Тајван, Лаи Чинг-те победи на претседателските избори, и покрај повиците од Кина да не биде избран и вети дека ќе му се спротивстави на Пекинг, но и ќе бара преговори.

„Ние не ја поддржуваме независноста…“, рече Бајден на прашањето за неговата реакција на саботните избори во Тајван.

„САД се посветени на зачувување на мирот и стабилноста на двете страни на Тајванскиот теснец и на мирно решавање на разликите“, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Неколку часа пред отворањето на гласачките места, Вашингтон предупреди „дека би било неприфатливо“ „било која“ земја да се меша во тие избори.

Тајван, островот за кој Кина вели дека е нејзин, е демократска успешна приказна од одржувањето на првите директни претседателски избори во 1996 година, кулминација на децениската борба против авторитарното владеење.

Соединетите држави се најважниот меѓународен покровител и снабдувач на оружје на Тајван и покрај недостатокот на формални дипломатски врски со островот.

Администрацијата на Бајден стравуваше дека изборите и новата влада ќе го ескалираат конфликтот со Пекинг.

Бајден работи на подобрување на односите со Кина, вклучително и согласување да се разговара за разликите за безбедносните прашања на средбата во Калифорнија со претседателот Си Џинпинг во ноември.

Кинеската канцеларија за прашања на Тајван во саботата соопшти дека изборната победа на кандидатот на владејачката Демократска напредна партија во Тајван Лаи Чинг-те нема да ги промени основните контури на односите на островот со континентална Кина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во саботата изјави дека Москва сè уште го гледа Тајван како составен дел на Кина.

Слични содржини