Бајден ќе забрани ново истражување на нафта и гас долж повеќето американски брегови

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден ќе забрани нова експлоатација на нафта и гас долж повеќето американски брегови, соопшти денеска Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека врз основа на таа забрана ќе бидат заштитени сите американски сојузни води долж источниот и западниот брег на САД, како и долж источниот дел на Мексиканскиот залив и делови од северното Берингово Море на Алјаска.

Забраната ќе опфати 253 милиони хектари океан, се наведува во соопштението.

Слични содржини