Бајден: Косово треба да биде независно, а не дел од Србија

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Кандидатот за претседател на претстојните избори во САД, Џо Бајден, призна дека не бил запознаен со елементите на договорот меѓу Србија и Косово, кој беше потпишан во Белата куќа, но подвлече дека тој договор ќе мора да ја потврди независноста на Косово.

„Не знам што има во зделката. Она што секогаш го тврдев во врска со Србија и Косово е дека Косово треба да биде независна држава, а не дел од Србија. Поминав многу време таму. Претпоставувам дека (договорот) ќе ја зајакне таа независност. Но, не знам за што станува збор“, рече Бајден, одговарајќи на новинарски прашања во врска со постигнатиот договор меѓу Србија и Косово за нормализирање на економските односи.

Слични содржини