Бајден на состанок со лидерите на ЕУ, сака да ги обнови трансатлантските односи

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џо Бајден денеска треба да се состане со лидерите на ЕУ и да постави заеднички цели во врска со глобалните предизвици, како што се пандемијата и наметливоста на Кина.

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ќе го пречекаат Бајден во Брисел.

Главна тема на состанокот се очекува да биде обновување на трансатлантските односи по напнатото владеење на Доналд Трамп. Досега, трговските односи меѓу САД и ЕУ беа проблематични, но според еден официјален претставник на ЕУ, денес може да се постигне напредок.

Сојузниците се во расправија околу царинските прашања веќе 16 години, сепак, официјалното лице тврди дека трговската бариера може да се отстрани на подолго време. Многу е веројатно дека двете страни би се согласиле на укинување на царинските давачки поврзани со спорот околу авионската индустрија, рече изворот.

САД и ЕУ меѓусебно се обвинуваат за нефер државна поддршка за двете најголеми авиокомпании во светот, Европски „Ербас“ и американски „Боинг“. Тие воведоа тарифи од повеќе милијарди долари за сите производи, оние поврзани со авионската индустрија и оние што не се.

Двата блока во март се согласија да ги укинат царините за четири месеци.

Друго клучно прашање на состанокот може да биде соработката во борбата против пандемијата на коронавирус. САД сакаат да ги укинат патентите за производство на вакцини, а ЕУ е скептична и се прашува дали ова е најдоброто решение за недостиг на вакцини.

Слични содржини