Бајден: Нема да ѝ се извинувам на Меланија Трамп

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Синот на поранешниот американски претседател Џо Бајден, Хантер, изјави дека нема да ѝ се извини на првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, за недокажаното тврдење дека со нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп, била запознаена преку Џефри Епштајн.

Тој го кажа ова со пцовки за време на интервјуто со Ендрју Калахан за Канал 5, објави ABC News.

„Е.. го тоа. Тоа нема да се случи“, рече Хантер Бајден.