Бајден одржа комеморација за жртвите од короната: Да не гледаме на изгубените животи како на статистика

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ги предводеше Американците во понеделникот во комеморацијата на смртните случаи во пандемијата на коронавирус, кога земјата го преминува тажниот праг од 500.000 смртни случаи од Ковид-19 и ги повика Американците да ги заборават разликите и заедно да се борат против пандемијата.

– Денес одбележуваме навистина мрачна пресвртница што ги крши срцата – 500.071 мртви. Повеќе Американци починаа во оваа пандемија за една година отколку заедно во Првата светска војна, Втората светска војна и Виетнамската војна, рече Бајден.

Бајден, потпретседателката Камала Харис, првата дама Џил и вториот г-дин Даг Емхоф одржаа едноминутно молчење пред Белата куќа по обраќањето на претседателот, стоејќи опкружени со бројни запалени бели свеќи, пренесува „Хина“.

– Како нација, не можеме да прифатиме таква сурова судбина. Иако толку долго се боревме против оваа пандемија, мора да се спротивставиме да не се вкочаниме од тага и да не гледаме на изгубениите животи како на статистика – рече Бајден во емотивното обраќање во Белата куќа.

Секоја личност која починала од коронавирус имала семејство, пријатели и „извонреден живот“ кој пребрзо завршил, истакна Бајден.

Слични содржини