Бајден призна: Заборавам дека сум претседател (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џозеф Бајден со непријатна шега пред голем број припадници на американската армија во Велика Британија, призна дека заборава дека тој всушност е врховен командант.

Откако излезе на сцената, Бајден се заблагодари на девојчето кое го претстави и го започна неговото излагање, заборавајќи да им даде наредба на војниците „слободно“ пред да започне да зборува.

„На место слободно“, конечно им кажа Бајден на војниците, кои цело време стоеја во позиција „мирно“. Потоа на шега додаде дека постојано заборава дека е претседател.

Војниците се смееја, а тие се насмеаја и кога Бајден спомна дека тој пелтечел на 14-годишна возраст, а потоа ја пофали храброста на младата девојка која што го претстави.

Ова се случи откако првата дама Џил Бајден се пошегува дека нејзиниот сопруг треба да се концентрира.

„Џо, обрни внимание“, рече таа пред Бајден да се качи на сцената.

Американскиот претседател пристигна во Велика Британија во средата на своето прво меѓународно патување како шеф на Белата куќа, што вклучува состанок со кралицата Елизабета Втора и учество на самитот на Г7

Слични содржини