Американскиот претседател eо Бајден денеска ќе побара од владата да ја олесни натурализацијата на девет милиони мигранти кои ги исполнуваат условите за американско државјанство, соопштија високи претставници на администрацијата.
Тоа е една во низата одлуки за имиграција што Бајден треба да ги потпише во текот на денот, вклучувајќи прашања за разделени семејства, гранична безбедност и легална имиграција, пишува агенцијата АФП.
Агенцијата АП пишува дека Алехандро Мајоркас, кој е предложен за секретар за национална безбедност, треба да ја предводи работната група која ќе биде насочена кон обединување на родителите и децата, пренесува Бета.
Судските документи идентификуваа најмалку 5.500 деца кои биле одвоени од своите родители во времето на претседателот Доналд Трамп, вклучително и околу 600 деца чии родители сè уште не се пронајдени.
Администрацијата на Бајден соопшти дека работната група редовно ќе поднесува извештаи до претседателот и ќе препорача чекори за да се спречат повторување на ваквите случаи.