Бајден: Само еден кандидат е ментално неспособен, а тоа не сум јас

од Симе Стоиков

Џо Бајден синоќа изјави дека само еден од двајцата кандидати за претседател на САД на овогодинешните избори е ментално хендикепиран и дека тоа не е тој, туку Доналд Трамп, пренесува Асошиетед прес.

„На овие избори двајца кандидати ја добија номинацијата на нивните партии. Но, еден од нив е премногу стар и ментално неспособен за работа. Другиот сум јас“, рече Бајден низ смеа на конференцијата на Демократската партија во Вашингтон.

Бајден цврсто ги отфрли критиките за неговата возраст, наводно слабата меморија и збунувачкото однесување и наместо тоа укажува на овие недостатоци на неговиот противник, 77-годишниот Трамп.

„Немојte да му кажувате, тој мисли дека се кандидира против Барак Обама, тоа е она што тој го кажа“, рече 81-годишниот Бајден, кој исто така се пошегува дека останал буден долго време пред закажаното време за спиење.

Бајден тогаш стана сериозен и повтори дека победата на Трамп би била вистинска закана за демократијата. Тој го критикуваше и односот меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

„Живееме во невиден момент во демократијата. Демократијата и слободата се буквално на удар. Путин дивее низ Европа. Мојот претходник му се поклонува и му вели „прави што сакаш“, рече тој.

Бајден, исто така, беше домаќин на украинската амбасадорка Оксана Маркарова и естонската премиерка Каја Калас на конференцијата.

„Ние нема да попуштиме, тие нема да попуштат, аниту јас“, заклучи тој.

Слични содржини