Американски претседател Џо Бајден изјави денес дека е добро што претседателот во заминување Доналд Трамп нема да биде на неговата инаугурација на 20 јануари.
Бајден додаде дека ова е една од ретките работи за кои се согласуваат, пренесува CNN.
“Тој го надмина и најлошото што го очекував од него. Тој беше срамота за САД, не посрамоти низ целиот свет, тој не е достоен за позицијата претседател”, додаде Бајден на прес-конференција.
На прашањето каков е неговиот став во врска со најавата на демократите дека ќе ја разгледаат постапката за импичмент во Претставничкиот дом во понеделник, Бајден одговори дека најголема грижа во овој момент е да ја стави под контрола пандемијата, објави Би-Би-Си.
„Фокусиран сум на вирусот, вакцината и економскиот раст“, рече Бајден, истакнувајќи дека планира да предложи закони веднаш по преземањето на функцијата што ќе овозможи поефикасна борба против пандемијата и побрзо закрепнување на економијата.