Бајден: Законот за плафонот на долгот дополнително ќе ги подобри економските изгледи на САД

од Stefanija Kuzmanovska
315 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави дека законот за плафонот на долгот дополнително ќе ја подобри економската перспектива на САД, откако претходно објавените податоци покажаа дека вработеноста во таа земја е зголемена.

„Денес е добар ден за американската економија и американските работници. Утринава дознавме дека економијата отворила 339.000 работни места минатиот месец. Тоа значи дека сме отвориле повеќе од 13 милиони работни места откако ја презедов функцијата претседател. Тоа е повеќе работни места во 28 месеци отколку што има отворено кој било претседател за цел четиригодишен мандат“, се вели во изјавата на Бајден, објавена на веб-страницата на Белата куќа.

Се нагласува дека економскиот план на американскиот претседател функционира, и дека планот ќе продолжи да обезбедува добри работни места за американскиот народ.

Слични содржини