Бајрактаров: Поради некои работи кои порано ни се случувале, граѓаните знаат да се соочат со стресни ситуации

од Viktor Jovanov

Во оваа фаза населението се соочува со нешто што не најде неочекувано. Знаевме дека нешто доаѓа од Кина но населението не беше подготвено дека толку силно ќе дојде. Во оваа фаза на колективен стрес, кај граѓаните нема толку големи психолошки појави ниту панични напади и пријатно сум изненаден од населението. Поради некои работи кои порано ни се случувале знаеме да се соочуваме со стресни ситуации. Добро се снаоѓаат граѓаните во оваа ситуација и на адекватен начин бараат помош, изјави директорот на клиниката за психијатрија Стојан Бајрактаров.

Нема да излеземе исти од оваа криза како што влеговме. Начинот на живот ќе се промени. Претходно се даваа препораки за забрана и помалку користење на компјутери и телефони за младите, а повеќе да излегуваат надвор. Во овој случај се покажува дека компјутерите, телефоните односно современата технологија е најсилното оружје за едукација. Ќе се најде средина и ќе се најдат нови нормни на однесување. Ова ќе стане и нов стандард во медицината. Во однос на работење на услови на телемедицина, она што го даваме како телепсихијатрија функционира, ги смирува граѓаните. Насочивме и третмани преку видеоповици, овие норми ќе останат и ќе се применуваат и по целата ситуација со коронавирусот, вели Бајрактаров.

Слични содржини