Бајрами за „Монструм“: Јанкулоска излезе со информации надвор од договореното

од Vladimir Zorba

Јавниот обвинител и претседател на Комисијата за следење на изборни нерегуларниост поврзани со изборите, Џелал Бајрами, во своето сведочење за случајот „Монструм“ истакна дека на прес-конференцијата на која излезе тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во врска со случајот, излегле информации надвор од договореното.

– Беше договорено дека полицијата имала акција и извршила претрес на повеќе локации во и насвор од скопје и дека има индиција дека лицата кои се приведени се можни сторители, но надвор од сето тоа што беше концепт, Јанкулоска ги осуди приведените. Потоа следуваше тензична ситуација. И реков на министерката дека ние не сме орган да утврдува кој е сторителот на тоа кривично дело, туку дека тоа е судот, рече Бајрами, кој во 2012 година, кога се случи настанот кај Смилковско Езеро ја вршеше функцијата заменик-министер за внатрешни работи.

На прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи дали заменик министерот може да го информира политичка партија, Бајрами посочи дека ако мисли на разговорите со лидерот Али Ахмети, тоа, според него, биле неформални разговори.

Во разговорот му велите на Ахмети дека убиците биле професионалци. На кој начин ги добивте овие информации, праша обвинителката на што доби одговори дека ова биле информации добиени од неформалните разговори во министерството.

Фетаи го праша и сведокот како до него стигнала информацијата дека Азири дури бил под заштитни мерки се јавил кај родителите и кажал дека е добар, Бајрами на ова одговори дека таа информација ја добил од министерството.

Тој воедно потврди и дека со министерката не разговарале со можните мотиви.

И.Р.

Слични содржини