Синоќа по затворањето на Охридско Лето со претстава „Ничија земја“ во изведба на Македонскиот народен театар во поранешната охридска касарна, дошло до поголемо нарушување на јавниод ред и мир помеѓу Никола Бакрачески-градоначалник на Охрид, неговиот возач и еден од најдобрите макеоднски актери Сашко Коцев, дознава Охридскај.

По завршувањето на преставата најнапред дошла до мала меѓусебна вербална расправија помеѓу Бакрачески и Коцев, каде Бакрачески почнал да го навредува актерот Коцев упатувајќи му погрдни зборови како “НАРКОМАН“, пцовки и друго. На ваквиот однос на Бакрачевски бурна реакција имал Коцев, кој му укажал на Бакрачески дека ја преминл црвената линија, по пто дошло и до меѓусебно доближување. Веднаш во заштита на Бакрачески реагирал неговиот шофер, кој се нафрлил врз актерот Сашко Коцев, но малку недостигало да дојде до посериозно нарушување, зошто веднаш реагирале и другарите на Коцев. Поголем инцидент спречила Охридската полиција која веднаш реагирала и направила ред. Коцев доцна синоќа во ПС Охрид дал свој исказ, а исказ дал и шоферот на Бакрачески.
Бакрачески и ако повикан во ПС од ОН Охрид да даде исказ за нарушувањето, не се појавил во ПС од ОН Охрид, и побарал од полицајците да дојдат во неговиот кабинет, каде дал изјава.
Ваквиот однос на Бакрачески е повеќе од скандалозен, но ова не е негов прв ваков испад низ Охрид. Пред само една недела дел од тезгаџиите од Охрид имаа голема вербална расправија со Бакрачески која за малку ќе прераснеше во физичка пресметка, а Бакрачески години наназад само прави проблеми, а потоа пријавува закани во полиција?