Бактеријата ешерихија коли (Escherichia coli) која може да доведе до смрт во случај на труење со храна, може да се користи како лек за лечење анемија.

Во експеримент што го спровеле научници на Универзитетот Колорадо, ешерихија коли го намалила губитокот на железо и кај црвите и во човечките келии, со што влијае на спречување анемија.
Од анемија патат милијарда луѓе ширум светот, а посебно погодени се родилките, тинејџерите и малите деца.
Некои соеви ешерихија коли предизвикуваат повраќање, проливи и болки и можат да бидат фатални за чувствителни пациенти, но некои се безопасни и се наоѓаат во гастроинтестиналниот тракт.
„Последните години увидуваме дека многу микроорганизми кои се наоѓаат во нашиот дигестивен систем се добри за нас. Но дури сега точно откриваме кои бенефити ги имаме од нив и како. Ова ново отркитие покажува клучна улога на ешерихија коли, а тоа е дека им помага на келиите да го апсорбираат железото“, вели авторот на студијата, објавена во магазинот Cell, доктор Мин Хан.
Младите црви кои имале успорен раст и ниско ниво на железо научниците ги хранеле со генетски променета ешерихија коли на која и ставиле ентеробактин. Утврдено е дека нивото на железо драстично се зголемило и дека црвите почнале да растат. Потоа ја додале и во човечки келии, што предизвикало ист ефект.
„Веруваме дека овој молекул има голем потенцијал за борба со недостигот на железо, за разлика од таблетите кои можат да предизвикаат контраефект“, вели доктор Хан.