220
Красимир Балаков поднесе оставка на функцијата селектор на бугарската фудбалска репрезентација.
Легендарниот Балаков ја следеше постапката на претседателот на Федерацијата, Борислав Михајлов, кој исто така се повлече, откако не го издржа притисокот по поразот и расизмот на средбата со Англија.
Со Балаков на клупата, Бугарите на шест натпревари не остварија ниту една победа, туку пет порази и еден нерешен резултат. Претседателската функција времено ќе ја врши Михаил Касабов, а потпретседателот Јордан Лечков треба да предложи ново име за селектор.