Балевски: Со закани сакаа да ми го земат крстот, но бев упорен и не го дадов (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Ми го земаа крстот од раце. Таму каде што јас и останатите се наведавме да го земеме, јас го фатив крстот, но еден од кандидатите со закани кон мене, пушти го, пушти го, јас го фатив, а не ти, сакаше да ми го земе крстот, но бев упорен и не го дадов“, изјави Наумче Балевски за „ТВ Стар“ по одржувањето на денешната церемонија во Штип по повод православниот празник Водици.

Брегалничкиот митрополит објави соодветни мерки како опомена за во иднина да не има вакви и слични инциденти…

„Бидејќи настана еден немил настан, затоа предложив, додека се смират луѓето и се намали тензијата, крстот да остане во црквата оваа година. А, в година ако се средат работите како и годините наназад, повторно крстот ќе биде носен низ градот. Бидејќи крстот ќе биде во соборниот храм свети Никола, од утре секој кој сака да дојде ќе може да го стори тоа, да го бакне крстот и да се помоли“, изјави г. Иларион.

Од владиката, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и неколку компании, Балевскки доби подароци…

Слични содржини