Балканот се гуши во отровен воздух, Скопје меѓу најзагадените градови

од desk2
117 прегледи

Со доаѓањето на зимата, градовите од Западен Балкан се гушат во смог поради високата концентрација на издувни гасови од стари автомобили и чад од фабрички оџаци, а единствени кои „тријат раце“ се продавачите на прочистувачи за воздух, пишува новинската агенција AFP.


Според Светската здравствена организација (СЗО), на листата 10 најзагадени градови во Европа, пет се наоѓаат на Балканот: Тузла (БиХ), Пљевља (Црна Гора) и Скопје, Тетово и Битола во Македонија

СЗО предупредува дека загадениот воздух нанесува огромна штета на луѓето и на стопанството.

Според истражување на СЗО од 2016 година, се проценува дека во 2010 година загадениот воздух бил причина за над 37.000 смртни случаи во Западен Балкан каде има 23 милиони жители.