Балканот е вклучен во трговска војна поради засилени проверки на квалитетот на земјоделските производи. Хрватска ги дигна увозните давачки за одредени производи со околу 220% . Тоа ја принуди Србија да преземе контрамерки , а други држави се заканија со реципрочни дејствија, информира Ројтерс.
Во минатиот месец на границата со Хрватска се зголемија надоместоците за фитосанитарна контрола за спречување на навлегувањето и ширењето на штетници за растенија и растителни производи од 90 куни на 2000 куни (319 долари).
Загреб ја мотивира својата одлука со тоа што е во согласност со стандардите на ЕУ и брани своите корисници.
Но претставници на владите на Србија, Македонија, Црна Гора и Босна предупредија дека новите мерки прекршуваат претпристапните договори со ЕУ , според кои им се обезбеди еднаков пристап до пазарите.
” Овие мерки се целосно протекционистички во економска смисла. Тие се популистички политички природа и не можат да бидат оправдани. Тие не се во духот на добрососедските односи “, рече министерот за трговија на Србија, Расим Љајиќ на новинарите по состанокот со балканските колеги во Сараево.
Министрите на четирите држави ја повикаа Хрватска да ја поништи одлуката и да ја покани Европската комисија да посредува за решавање на проблемот , кој според нив ги нарушува принципите на слободната трговија. Тие исто така инсистираат на итна средба со хрватскиот министер за земјоделство. Сепак до разрешување на случајот секоја земја ќе преземе контрамерки за да ги заштити своите економски интереси, дополнуваат тие.
Љајиќ вели дека Србија веќе е зајакна фитосанитарната контрола врз сите органски производи од Хрватска. Тоа значи дека стока, вклучувајќи месо и млечни производи, можат да бидат приведени на границата до 15-30 дена.
” Нашата цел не е да започнеме економска војна, а да ги заштитиме своите економски интереси и слободното движење на стоки “, појасни министерот.
Николовски телефонски разговарал со Толушиќ за крај на трговската војна со Хрватска
Македонија и Црна Гора најавија дека ќе поднесат жалба во Светската трговска организација и ќе бараат механизми во рамките на органот за добивање на надоместок од Хрватска.
Освен тоа министрите тврдат дека Хрватска исто така го отежнува извозот кон ЕУ.
Босанскиот министер за трговија Мирко Шаровиќ изјави дека Хрватска не увезува малини само од Тринидад и Тобаго, но и од Србија и Босна. Тој додаде дека Босна ” адекватно ќе одговори” на проблемот.