БАЛКАНСКИОТ ТЕК ЗАЖИВЕА: Унгарија купува руски гас во следните 15 години

од Vladimir Zorba

Унгарија има намера да потпише долгорочен договор со руски „Газпром“ за купување руски гас на 27 септември, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Како што рече, во врска со тоа, првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, следниот понеделник ќе пристигне во Будимпешта.

– Ова е договор во траење од 15 години, што подразбира испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно – објасни Сијарто.

Тој, исто така, рече дека гасот ќе се испорачува преку Балканскиот тек, поточно од Русија преку Турција, Бугарија, Србија до Унгарија.

Сијарто додаде дека договорот за испорака на руски гас ќе стапи на сила на 1 октомври.

Слични содржини