Балковски без одговор на прашањето дали ќе излезат од владина коалиција доколку не им се исполнат барањата

од Vladimir Zorba

Љупчо Балкоски од ВМРО-Народна партија пред денешниот состанокот со премиерот Димитар Ковачевски и коалицините партнери не даде конкретен одговор дали ќе излезат од владината коалиција доколку не се прифатат нивните барања.

– Она што го кажувам во Собранието е во интерес на целата држава, како и на кој начин да постапи за да се завршат коридорите, а не само да се започнат. Тоа е една работа, а сега ќе видиме што ќе каже премиерот во другите делови што како коалицијата треба да знаеме како што се меѓународните односи, до каде сме тука во целата таа работа, рече Балковски.

Слични содржини