Балотели се сели во Швајцарија

од Vladimir Zorba

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели нема да остане во Адана Демирспор. Напаѓачот одлучи да се пресели во швајцарскиот Сион. Сè меѓу двете страни е решено. Денеска Балотели се чека на лекарски прегледи и до крајот на денот зделката ќе биде официјално објавена.

Балотели одигра вкупно 34 натпревари и постигна 19 гола за Адана Демирспор откако минатото лето се приклучи на тимот од Монца. Пред само една недела, СуперМарио се скара со главниот тренер Винченцо Монтела по натпреварот против Јумраниеспор и двајцата за малку ќе се степаа.

Балотели во досегашната кариера настапуваше за Лумеџане, Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца и Адана Демирспор. 32-годишниот напаѓач има 36 настапи и 14 голови за Италија.

Слични содржини