Кога ќе подготвувате еден ваков колач најдобро ќе знаете дали ви е успешен кога ќе почнат домашните да ви се прибираат во кујна водени од мирисот.
Сладок, крцкав од оревите и освежителен од аронијата, а мирисен од зачините, ете таков е.

Состојки
300 гр банани
300 гр брашно
200 гр кафеав шеќер
2 ванилин шеќер
100 гр сечкани ореви
1 пециво
1 лажичка цимет
1 лажичка ситен шеќер со портокал и ѓумбир
прстофат сол
150 мл масло
100 мл вода
200 гр аронија
Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
2. Бананите ги блендираме.
3. Во еден сад ги ставаме брашното и пецивото, соединуваме. Потоа ги доставаме сите останати состојки шеќерите, зачините, оревите. Промешуваме па ги додаваме маслото, бананите и водата.
4. Соединуваме со мешање и откако ќе се направи една средно густа смеса додаваме 100 гр аронија. Внимателно и неа ја соединуваме да се распореди фино во смесата.
5. Во намрсено и набрашнето тавче со димензии 27х27 ја распоредуваме смесата и врз неа ги додаваме остатокот од аронијата и наросуваме кафеав шеќер.
6. Печеме околу 25-30 минути.
Со чепкалка се проверува дали е печен, ако е сува чепкалката, колачот е печен./Мои рецепти