Бандовиќ: Македонија може да биде конструктивен фактор и пример за решавање на односите меѓу соседите во иднина

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Игор Бандовиќ е директор на Белградскиот центар за безбедносни политики (БЦБП) од 2019 година. БЦБП е независен истражувачки центар кој придонесува кон унапредувањето на безбедноста на граѓанките и граѓаните во согласност со демократските принципи и почитувањето на човековите права. Организацијата се занимава со истражување, јавно застапување, развој на заедниците и образование.

Во изминатиот период и сега, БЦБП се занимава со темите како заробување на државата, одговорност, и организиран криминал. Како прв човек на БЦБП, Бандовиќ е релевантен соговорник за прашањата на процесот на нормализација на односите меѓу Србија и Косово. Нашиот соговорник има низа професионални и експертски достигнувања и во работата во УНДП, ИОМ, Европскиот фонд за Балкан и други.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Бандовиќ по повод средбата меѓу српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти во Охрид, 18 март, кога двајцата лидери го поддржаа Анексот за имплементација на Договорот на ЕУ за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија.

Слични содржини