Банките во Грција остануваат затворени и по петок

од desk3
178 прегледи

 

Грчките власти денеска ќе објават дека банките во државата ќе останат затворени и по петок.

download (1)

Според високи владини претставници, на кои се повикуваат западни медиуми, банките ќе останат затворени и понатаму со цел да се спречи колапс на банкарскиот систем.

Властите на 28 јуни воведоа контрола над капиталот. Повлекувањето на пари од банкоматите е ограничено на 60 евра дневно.