Непознато лице преку Фејсбук профил со името на шоуменот и актер Игор Џамбазов барало донации од граѓани, пишуваат на фан страницата на социјалната мрежа на Џамбазов.
„Пред извесно време бевме извесени дека некој го злоупотребува името и делото на Игор Џамбазов. Иако беше ојбавено на почетокот на месецот за овој случај, сепак профилот е сè уште активен. Затоа ве замолуваме да го пријавите лажниот лик кој има за цел да изнуди пари за наводно собирање донации“, пишува на фан страницата.
Ова не е првпат во името на шоуменот да бидат барани донации. И во 2017 година имаше случај кога лице користејќи го името на Игор Џамбазов бараше парти од граѓаните.
Почитувани,Пред извесно време бевме извесени дека некој го злоупотребува името и делото на Игор Џамбазов.Иако беше…
Публикувахте от Igor Dzambazov в Събота, 18 януари 2020 г.