Барањето на Софија да учествува во процесот на уставни измени е скандалозно, вели Претседателот

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски го оцени како скандалозно барањето од страна на Софија учествува во процесот на уставни измени на земјава, откако бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера кажа дека Бугарија би сакала да биде вклучена и консултирана во постапката за впишување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, по што македонското МНР излезе со реакција дека дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на земјава, кое како обврска е поврзано со пристапните преговори за членство во ЕУ.

-Барањето од Софија е скандалозно. Такви барања не упатуваат ниту окупаторите кон земјите, териториите или државите кои ги окупираат. Во 21-ви век е апсурдно непримерено да барате да се мешате во внатрешните политички и уставно-правни процеси на која било држава. И мислам дека во таа смила нашиот одговор преку МНР вчера беше на место, дециден е Пендаровски.

Во одговор на новинарско прашање, вели дека концептот околу мнозинства и малцинства во Република Северна Македонија е надминат, таа дебата е надмината и завршена со Рамковниот договор во 2001 година.

-И во поранешна Југославија никогаш не сме употребувале термин „национални малцинства“ туку имаше „народи“ и „народности“. Зошто? За да не навредиме никого кој живее тука а е како бројка помалку од мнозинскиот народ. Мислам дека тоа е депласирана дебата и не треба да губиме време за тоа, вели Пендаровски.

Во однос на тоа дали номинира претставник во работната група за измени на Уставот, вели дека професорот од Правниот факултет Александар Спасовски, кој е негов правен советник, ќе биде дел од таа работна експертска група.

– Формално пуштивме одговор, меѓутоа добивме писмено барање од министерот за правда, веројатно денеска или утре, деновиве ќе пратиме одговор, меѓутоа професорот од Правниот факултет Александар Спасовски кој е мој правен советник и ќе биде дел од таа работна експертска група, кажа Пендаровски.

Во однос на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за лидерска средба и дали тој ќе ја организира, кажа дека тој во принцип секогаш ги реализирал тие средби, доколку има согласност од двете претпоставени страни.

-До овој момент за хрватскиот предлог нема согласност од другите претпоставени страни, нагласи Пендаровски.

Слични содржини