Четири мали деца и еден возрасна личност се повредени во напад со нож во парк во градот Анеси на француските Алпи, соопшти француската полиција, откако првично објави дека осум деца се повредени.
Животите на три жртви се во опасност, наведе британската агенција „Ројтерс“. Некои агенции наведуваат дека се работи за три деца, а според француската новинска агенција АФП, во критична состојба се две деца и една возрасна личност.
Децата се на возраст од околу три години, соопшти полицијата.
🔴 Vidéo du demandeur d’asile syrien a qui poignardé des enfants à #Annecy. pic.twitter.com/RlmTfFDyah
— Damien Rieu (@DamienRieu) June 8, 2023
На социјалните мрежи кружи видео на кое наводно се гледа како родители го фаќаат напаѓачот по нападот.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека напаѓачот е уапсен. Телевизијата БФМ јави дека нападот се случил во парк во близина на езерото Анеси околу 9:45 часот и дека напаѓачот бил сириски барател на азил.
Полицијата соопшти дека осомничениот е Абдалмасих Х, сириски бегалец кој легално влегол во Франција. Тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година.