Барби како Ајрис Апфел

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Ајрис Апфел, саканата 96-годишна модна икона, официјално стана најстариот прототип кој го инспирираше создавањето на кукла Барби.

Апфел ја откри куклата во нејзиниот личен профил во Instagram овој месец, а сличноста е неверојатна.

Мини верзијата на иконата носи смарагдов костум од два дела на Gucci, јака, ѓердани, контрастна боја нараквици и најпознатиот иконски белег на Апфел – огромните очила.

“Ајрис Апфел е моден пример за Барби со својата модна визија, претприемачки дух и независност. Долгогодишната нејзина кариера ја претвори во совршен објект за единствена кукла – најголемото признание кое Барби можат да го обезбеди “, споделија од марката во соопштението.

За жал, куклата Барби на Ајрис Апфел не е за продажба, но за сметка на тоа претстои претставувањето на две кукли оваа есен, инспирирани од колекцијата накит на Rara Avis, која модната икона ја поседува.