Барди се уште не може да му приклучи на тимот

од Nikola Popovski
420 прегледи

Македонскиот репрезентативец Енис Барди и понатаму има коронавирус, откако вчера тестот покажа дека се уште е позитивен на Ковид-19, со фудбалер за врска ќе почека за да му се приклучи на тимот.

Пред неколку денови беше утврдено дека членот на Леванте има коронавирус, па беше изолиран во во хотелот „Хилтон“ и нема никаков контакт со неговите колеги, соиграчи од националниот тим.

Македонската репрезентација во вторник (8. јуни) заминува за Букурешт, а до тогаш, најверојатно во понеделник Барди ќе прави и нов тест, кој доколку биде негативен, ќе патува се селекцијата на ЕВРО 2020.

Ова е проблем за селекторот Ангеловски во подготовката на селекцијата за дебито на ЕП, па Барди ќе мора да сочека следно тестирање за евентуален негативен тест да го врати во тимот и да ја фати барем завршната подготовка за првиот меч со Австрија на 13 јуни.

Слични содржини