Барикади, огнови и борба со полицијата цела ноќ во Лондон! (ФОТО/ видео)

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Маскирани демонстранти се судрија со полицијата во Лондон по смртта на Рашан Чарлс, пишува The Sun.

Мебел и секакво ѓубре беа нафрлани низ улиците во источниот дел на англиската престолнина.

Околу   барикадите цела ноќ гореа огнови.

https://youtu.be/KEUEA4tWiEA

Причината за гневот беше смртта на 20-годишниот црнец Рашан Чарлс, кој умре во притвор. Скотланд Јард изјави дека тој бил уапсен од полицијата во продавница во Далстон.

Во моментов неговата смрт се истражува, но гласините дека настапила како последица на полициска бруталност извади илјади луѓе на улица.