Баркли за Шек: Да не беа Вејд и Коби, кој ќе чуеше за тебе (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Откако со маестрални потези со години ја забавуваа публиката на кошаркарските терени, Шекил О’Нил и Чарлс Баркли се брилијантни на телевизија веќе подолго време.

Скоро и да не поминува шоуто на „ТНТ“ е скоро невозможно двајцата да не влезат во вербален клинч, се разбира за општо задоволство на публиката. Така беше сега кога тие започнаа да разговараат за тоа кој требаше да ја освои наградата МВП, што му припадна на Јанис Адетокунбо.

„Леброн е најдобриот играч на светот. Значи, ако сте најдобриот играч на светот, не можете ли да бидете МВП? Ако сте најдобриот играч на светот, секогаш треба да ја добиете МВП наградата“, рече Шек.

Како што напредуваше дебатата, Кени Смит, Чарлс Баркли и Дрејмонд Грин започнаа да фрлаат „жешки“ коментари. Грин рече дека гласањето е добро и дека Јанис ја заслужува наградата затоа што ја имаше најдобрата сезона.

О’Нил возврати, велејќи дека е незадоволен од системот на гласање и гледа наназад кон неговите неуспеси, односно изборот на Стив Неш во време кога прво Сан Антонио (2005), а потоа и Мајами (2006) беа шампиони во НБА.

„Да не беа Двејн Вејд и Коби Брајант, никогаш немаше да чуеме за тебе“, му зададе низок удар Баркли, потсетувајќи на двете големини што Шек ги имаше до себе на патот кон три трофеи со Лејкерси и еден со Мајами, откако следеше голема смеа во студиото.

„Овде има девет прстени, а ти не си дел од тоа“, одговори Онил, потенцирајќи ги своите четири титули, две Смит и три на Грин.

Слични содржини