Баркли заминува, остана без број во Челси

од Vladimir Zorba
306 прегледи

Рос Баркли најверојатно ќе го напушти тимот на Челси.

Освојувачот на Лигата на шампионите ги подели бројките за новата сезона, а интересно е што нема место за Баркли.

Ова е јасен показател дека Томас Тухел не смета на него.

Поранешниот фудбалер на Евертон минатата сезона играше како позајмен играч за Астон Вила, постигнувајќи три гола на 24 натпревари.

Инаку, Тухел сега ја даде „осумката“. што Баркли претходно ја носеше, на хрватскиот репрезентативец, Матео Ковачиќ, кој го носеше дресот со број 17.

Ковачиќ се очекува да го започне мечот со Кристал Палас, во отсуство на повредените Нголо Канте и Жоржињо, кој се уште не е доволно подготвен.

Сепак, неизвесно е што ќе се случи со Баркли. Претходно летово се зборуваше дека неговиот поранешен клуб Евертон повторно бил заинтересиран, а во игра бил и Вест Хем.

Слични содржини