Барса договори две моќни засилувања – и двете доаѓаат од Манчестер!

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Играта на Барселона не е подобрена ниту по доаѓањето на новиот тренер Чави Ернандез, па не е чудно што клубот ќе мора да реагира и да го засили тимот во јануарскиот преоден рок доколку не сака дебакл од продолжението на сезоната. !

Барса моментално е 8-ма на табелата во Примера, со пет бода помалку од местото кое води во Лигата на шампионите следната сезона, додека отпадна и ќе игра во 1/16-финалето на Лига Европа против Наполи. Воедно сега и официјално останаа без првиот напаѓач Серхио Агуеро кој се повлече поради проблеми со срцето.

Тој треба да биде заменет со замена од Манчестер Јунајтед во форма на Единсон Кавани. Уругваецот го загуби местото во тимот со доаѓањето на Кристијано Роналдо и наводно ја прифатил понудата на Барса да се пресели на „Ноу Камп“ во јануари.

– Кавани ја одби Бока затоа што сака да игра за Барселона во јануари. Тоа дури и јасно му го кажа на аргентинскиот клуб. Неговата желба е преку дресот на Барселона да му се наметне на селекторот на Уругвај за клучните квалификациски натпревари за Светското првенство – пишува TYC Sports.

Истиот медиум пишува дека Кавани ќе добие многу пари за договорот со Барса: договор вреден 3.500.000 евра до јуни, со уште 1.000.000 евра можни бонуси и уште 4.000.000 во сезоната 2022/23, со 1.500.000 можни бонуси.

Покрај Кавани, во Барселона треба да пристигне и играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Феран Торес, за кого „каталонците“ ќе платат околу 50 милиони евра. Торес наводно е голема желба на тренерот Чави, кој по пристигнувањето во клубот од управата го побарал овој 21-годишен шпански репрезентативец, кој оваа сезона имаше проблеми со повреди и не играше многу.

Слични содржини