Вчера, Барселона го совлада Динамо Киев со 1:0 во 3. коло од Лигата на шампионите, ја забележа првата победа во тоа натпреварување, со првиот постигнат гол, а по натпреварот, управата ги воодушеви навивачите со информацијата дека Ансу Фати потпишал нов договор.
Фати ја продолжи соработката до 2027 година, со откупна клаузула од една милијарда евра.
Младиот фудбалер е вториот играч на Барселона кој има ваква откупна клаузула. Пред него, Барса го процени Педри на една милијарда евра.
Нема сомнеж дека Фати и Педри ќе бидат столбот на новата Барселона.
Фати неодамна се врати на терените по едногодишна пауза, и ја зема десетката на Лионел Меси.
✨ @ANSUFATI will have a release clause of €1 billion#DreamTeen
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 20, 2021